| четврток, 6 декември 2018 |

Србинка проговори за хоророт низ кој поминувала: Свекрвата ми се смееше додека маж ми ме тепаше“

свекрва
Потресна исповед на Р.Б од Србија. Цели 30 години трпела малтретирање и семејно насилство и дозволувала свекрвата да им го уредува бракот, а со време нејзиниот сопруг почнал да ги слуша и спроведува мајчините совети со ќотек. Како што раскажала несреќната жена, тепани биле и таа и нејзините синови.

– Кога беше најбрутален мислев дека ќе ми ги скрши сите коски, изјавила Р.Б. за српски “Блиц”.

Р.Б се обвинува што претходно не собрача храброст и да им се спротистави на нејзиниот сопруг и свекрва и да стави крај со семејното насилство.

-Никогаш не постоеше никаков договор со него. Ќе ветеше дека ќе престане да ме тепа, па пак за некое време иста песна. Секогаш правеше тоа што сака и што ќе науми… или тој или неговата мајка. На крајот на целата приказна влезе и алкохолот кој само ги влоши работите. И покрај тоа што знаев некогаш да и се пожалам на неговата мајка дека малтретирањето ги преминува сите граници, таа никогаш не реагираше, дури ни кога беше сведок на ќотекот кој го добивав. Гледаше и уживаше, вели несреќната жена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top