| четврток, 6 декември 2018 |

Лука Циндриќ доаѓа во Вардар

Metalurg - PSZ 2014  (3) (Large)Вардар ќе има нов среден бек од наредната сезона. Поранешниот играч на Металург, хрватскиот интернационалец Лука Циндриќ ќе биде замена за Немања Прибак кој замина во турскиот Бешикташ.

Пред да дојде во поранешниот македонски шампион, настапуваше за екипата на Карловац каде беше најдобар стрелец и асистент во сезоната 2012-2013 и на полусезоната 2013-2014.

Минатата година доби повик од Голужа да настапува за хрватската сениорска репрезентација. Претходно беше дел од јуниорите со кои на Светското првенство во БиХ во 2013 година го освојува четвртото место.

Во сезоната 2013/2014 постигнува 28 гола во ЛШ за тимот од „Автокоманда“.Се чека уште официјална потврда од клубот за верноста која Циндриќ ќе ја потпише со РК Вардар.

Да потсетиме, од наредната сезона нови играчи во составот на Раул Гонзалез ќе бидат уште Дејан Манасков, Мијајло Марсениќ и Хорхе Македа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top