Во морето технолошки иновации и современи гаџети, сигурно и вие имате свој омилен апарат кој ви го олеснува животот. Погледнете кои апарати најмногу му одговараат на вашиот хороскопски знак.
Овен
Вие сте амбициозни и затоа ви треба апарат кој ќе ги организира сите ваши обврски. Најдобар е ајфонот, со чија помош ќе правите повеќе работи одеднаш.
Бик
Обожавате да готвите, па за вас се идеални сите домашни апарати – блендер, соковници, ваги… Исто така, сакате деца, затоа би требало да размислите за купување апарат за правење сладолед.
Близнаци
Секогаш сте во движење, затоа неопходен ви е најсовремен телефон со одличен адресар. Вие сте и уметничка душа, па размислете за купување таблет кој ќе ви биде при рака кога ќе одлучите да цртате нешто.
Рак
Ја сакате удобноста на домот, особено ви е важно да биде уредно и чисто. Купете си најнов тип правосмукалка која ќе ви помогне во одржувањето на куќата. Исто така, сакате да гледате телевизија, затоа би требало да си набавите најсовремен тип телевизор и да уживате во филмовите како во кино.
Лав
Вие сте хедонист, а понекогаш сакате и да се пофалите. Бидејќи сакате да уживате, набавете си најнов апарат за ладење вино или најсовремен отворач за шишиња.
Девица
Девицата е практичен хороскопски знак кој сака да чита. Најдобриот апарат за вас е читач за ПДФ, гаџет со кој можете да ги сочувате бројните книги.
Терезија
Вас ве интересира сè што има врска со уметноста, па затоа треба да побарате нова рамка за ѕид на која ќе ги ставите сите омилени фотографии. Исто така, ве интересираат и апарати за светлечка анимација која можете да ја програмирате да свети како што ќе сакате вие.
Шкорпија
Вие во душа сте шион, па вашата страст се гаџети за набљудување. Камерите и мини-диктафоните можат да се соберат во вашиот џеб, а ќе ви ја задоволат потребата дискретно да ги следите ктивностите во вашата околина.
Стрелец
Сакате да патувате па е важно да имате и најдобар GPS апарат. Идеален за вас е гаџет кој е прилагоден на вашиот автомобил и ќе ви дава најточни податоци до вашата локација.
Јарец
Бидејќи вие сте домашен тип, сакате да имате гаџети кои ви помагаат во темелното чистење. Размислете за купување чистач на пареа, а за да ви мириса домот увбаво, земете и сет за аромотерапија.
Водолија
Сакате футурисички работи, затоа ќе имате најнов комјутер кој ќе ви овозможи разни акции.
Риби
Сакате природа, па за вас е идеален подарок електрична скара која можете да си ја поставите и во дворот. Современите скари ( на струја) можат да се користат и дома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


