| четврток, 6 декември 2018 |

Малезискиот премиер Разак се соочува со истрага за корупција тешка 700 милиони долари

najib-razak(1)

Премиерот на Малезија, Наџиб Разак, се соочува со обвинение за криминал во големата коруптивна афера во која е осомничен дека од државен Фонд за инветиции на своја лична сметка примил 700 милиони долари.

Обвинувањата за Разак прво ги објави влијателното азиското издание на „Вол Стрит Џорнал“, во петокот, а текстот беше поткрепен и со копии на банкарски трансакции.

Иако малезискиот премиер најави дека ќе го тужи весникот за измислици, вчера попладне државниот обвинител изјави дека добил документи за финансиските зделки на Наџиб Разак, според чија содржина тој ќе мора да нареди покренување на истрага. Според банкарските документи, во март 2013 година , кога победи на изборите, Разак добил над 560 милиони долари.

Малезискиот Фонд за инвестиции, основан по налог на сегашниот премиер, минатата година ја заврши со долг од 11 милијарди долари, што беше повод опозицијата, но и претходникот , доктор Махатир Мохамад да побараат истрага за работењето на Фондот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top