| четврток, 6 декември 2018 |

Совети за здраво изложување на сонце

plaza soncanje

Сакате да добиете бронзен тен, но се плашите од опасните сончеви зраци? Вистина е дека сонцето е сè поопасно и мора да внимавате, но со неколку совети.

Најчесто поставувани прашања во врска со сончањето: што е најважно додека се сончаме, на што најмногу треба да се посвети внимание за да се сончаме умерено, без изгореници и добиената боја да ни трае подолго време, без при тоа да се излупи кожата?

Одговорите се следниве:

1. Најдобро време за сончање е периодот од 9 до 11 часот претпладне и попладне по 17 часот. Во овој период од денот сонцето сѐ уште не е толку силно, па така и сончањето е многу побезбедно и не е штетно.

2. Без разлика дали сте изложени на сонце во спомнатите периоди, или во текот на целиот ден, најдобро е да користите крем со висок заштитен фактор, кој ќе го заштити телото од штетните УВ-зраци.

3. Најбезбедно ќе се сончате и притоа бојата подолго време ќе остане на вашата кожа, ако секој ден престојувате на сонце по многу кратко време и секој следен ден пропорционално го зголемувате тоа време.

4. Кремот, кој треба да го нанесувате на телото, секогаш треба да биде нанесен во умерени количини. Не треба да се претерува со нанесувањето, бидејќи нема да добиете никаков зголемен ефект по однос на заштитата на телото. Единствено ќе ви биде потешко да го отстраните кога ќе се вратите дома, бидејќи содржи голем процент на масленост.

5. Доколку вашата кожа е осетлива на сонце, имате многу светол тен, или непосредно пред одморот сте имале некаков хемиски пилинг или ласерски третман, секогаш за лицето користете препарат кој има висок заштитен фактор СПФ +50.

6. Ако имате масна кожа склона на акни, за поефикасна заштита од сонцето, најдобро е по чистењето на лицето да го нанесете вашиот препарат за нега на лице, потоа препарат за заштита од сонце.
Доколку мислите дека е премногу да употребувате два крема истовремено, додека сте на одмор предност дајте му на кремот со заштитен фактор.

7. Никако не заборавајте да нанесете крем со заштитен фактор во пределот на вратот и деколтето. Ова особено е важно за припадничките на понежниот пол.
Исто не заборавајте да нанесете крем и на устата и на рацете, доколку подолго време планирате да бидете изложени на сонце.

8. Дерматолозите советуваат во никој случај да не ги заборавиме да ги заштитиме и нашите уши. Овие делови од нашето тело имаат тенденција најповеќе да патат од штетните УВ-зрачења од сонцето, па затоа секогаш навремено заштитете ги и нив.

9. За лицата со многу светол ден се препорачуваат неколку третмани во солариум за да се избегне алергија на сонце. И во солариумот е неопходно да се нанесе крем со заштитен фактор и задолжително да се заштитат очите.

(Убавина и здравје)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top