Во истрагите на бакарна руда во општина Пехчево, што започнаа во 2010 година, рускиот рударски гигант „Солвеј“ вложи над 4.000.000 евра.
По добивањето дозвола за експлоатација на бакарот и потпишување на договорот за концесија помеѓу Министерството за економија и компанијата „Кадиица метал“ во наредниот период за отворање на рудник „Солвеј“ најавени се нови инвестиции од околу 40 милиони евра.
Стручните луѓе на „Солвеј“ објаснуваат дека катодниот бакар од рудникот кај Пехчево ќе се добива по пат на лужење – технолошки процес сличен на оној што се применува во радовишки „Бучим“, а ќе се примени и во рудникот „Казан Дол“ во Валандово. Тоа значи, појаснуваат, дека целото подрачје ќе биде заштитено од еколошки аспект.
– Во отворањето на рудникот гледаме голема шанса за економски развој на Пехчево, бидејќи само од концесиониот надоместок во буџетот ќе се влеваат 500 до 700 илјади евра. Своја шанса за вработување ќе добијат и многумина од 600-те регистрирани невработени лица, од кои 400 се активни баратели на работа, вели градоначалникот на Пехчево Игор Поповски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст