По денешниот референдум во Грција може да избувне хуманитарна криза. Претседателот на Европскиот Парламент, Мартин Шулц, размислува за варијантата на земјата да и се дадат итни кредити за да се поддржи работата на јавните услуги, пишува германскиот весник „Велт ам зонтаг“.
Шулц подвлече дека владата на левиичарскиот премиер популист Алексис Ципрас земјата ја втурнала во ќорсокак, посочува весникот.
-Но, луѓето со ништо не се виновни за тоа. На нив ќе им помогнеме, изјави претседателот на ЕП.
Тој има и конкретни предлози како тоа да се случи. „Веројатно ќе треба на Грција да и доделиме итни кредити за надминување на ситуацијата, за да може да се поддржи работата на општествените услуги и парите да стигнат до луѓето на кои им требаат. За таа цел во Брисел наскоро ќе има финансиски средства на располагање“, посочи Шулц.
Тој изјави дека „луѓето во Грција нема да бидат оставени во сиромаштија“.
Според него, ситуацијата ќе стане особено тешка доколку грчкиот народ на денешниот референдум ги отфрли плановите за реформи. „Но, ако грчката Влада не располага со повеќе пари, зотоа што претходно плановите за реформи од партнерите ќе се отфрлат на референдумот, тогаш ситуацијата нема да се подобри. Без нови пари платите нема да можат да се исплаќаат, здравствениот систем веќе нема да функционира, ќе запрат снабдувањето со електрична енергија и градскиот транспорт, важни стоки веќе нема да можат да се увезат, бидејќи веќе никој не ќе може да ги плаќа“, изјави претседателот на ЕП, Мартин Шулц.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст