Ова се шестте лажни тврдења на грчкиот премиер Алексис Ципрас, кои тој се обидува да им ги наметнете на обичните граѓани како чиста вистина.
1. Ни ги затворија банките Банките се затвараат со нормативен акт, потпишан од страна на премиерот, кога самата Европска Централна Банка не ја надминала итната помош за обезбедување на ликвидност (ELA).
2. Кредитори не ни дадоа време – Пет месеци тој и неговите министри губеа и време и пари. Цело време ЕЦБ ги храни грчките банки со околу 90 милијарди евра. Потрошеното време од страна на Владата, ги чини скапо, со враќање на земјата кон рецесија и раст на невработеноста.
3. Ги гарантираме депозитите -Не може да има гарантирање на депозитите од проста причина што нема пари за оваа гаранција. Штедачите ќе ги загубат своите депозити без спасувачки договор, ккои не може да се каже со сигурност дека ако договорот се потпише, се ќе се врати на претходното состојба.
4. Гарантирам плати и пензии Ниту платите, ниту пензиите не се загарантирани, во услови кога централниот трезор на земјата е празен, а комерцијалните банки затворени. Ниту даноци, ниту такси влегуваат во буџетот. Освен тоа, спасувачките фондови се блокирани. Обезбедувањето на овие пари, не зависи од волјата на Ципрас.
5. Преговараме за подобар договор -Преговорите спроведени од Ципрас досега, доведоа до таму, што Владата предложи само мерки, осум пати поголеми од оние вклучени во пораките на Хардувелис од претходната влада.
6. Референдумот е демократија Овој референдум е кршење на демократијата, бидејќи тој е врз основа на неофицијален предлог, кој веќе не постои, во рок од пет работни дена и манипулација на толпата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст