| четврток, 6 декември 2018 |

Тајните правила на Дизни

Тајните правила на Дизниленд се откриени од поранешни вработени и се повеќе од интересни.

За сите верни обожаватели на Дизни, но и за оние кои можеби сакаат да работат во Дизниленд ви ги пренесуваме нивните правила.

disney3

1.Без вперување на прстот

Ако отидете во Дизниленд и прашате некој од вработените за правец, забележете ја неговата дланка. Правецот ќе ви биде покажан со два прсти или цела дланка, но никогаш со еден прст.

2. Не постои одговор „не знам“

На вработените не им е дозволено да кажат дека не го знаат одговорот на некое прашање, тие мора веднаш да најдат некој кој знае или да му се јават на надлежниот и да прашаат.

3.  Нокти

Женските нокти не смеат да бидат подолги од четвртина сантиметар и не смеат да бидат во боја.

4. И на очилата има правила

Да, постојат правила и за нив. Вработените мора да изберат рамки во конвенционална боја без видливи логоа или брендови.

5. Мора да имате и висина

Секој костим е ист за одреден лик, така да актерите мора да имаат одредена висина за да може да глумат некој од ликовите на Дизни.

6. Специјално име

Вработените не се нарекуваат „вработени“, туку членови на екипата.

7. Автограми

Вработените тренираат да се потпишуваат со имињата на своите ликови и тоа на одреден начин. Вака сите автограми се исти.

diznilend-avto500

8. Чистота

Причината зошто парковите на Дизни изгледаат така чисто е затоа што вработените мора да водат грижа за тоа. Секој од нив е задолжен да го крене ѓубрето кое же го види во паркот, без исклучок, дури ни за Пепелашка или Јасмин.

9. Тетоважи

Ова можеби нема да ве изненади, но на вработените им е забрането да имаат видливи тетоважи или пирсинг.

10. Само по име

Волт Дизни инсистирал сите да го викаат по име, па така и на беџовите на вработените ги пишува само имињата. Можеби ова звучи неважно, но Дизни прв првиот кој вработените ги викал по името, а не по нивната позиција или презимето.

11. Без социјални мрежи

На вработените во Дизни им е забрането да пишуваат или да зборуваат било што преку социјалните мрежи за својата работа. Доколку се утврди дека некој го направил тоа, му следува отказ.

12. Коса

Бидејќи вработените мора веродостојно да имитираат некој од ликовите на Дизни, многу се строги правилата за тоа како вработените треба да изгледаат. Постојат рестрикции кои се однесуваат на бојата на косата, должината, но и за брадата кај мажите.

13. Мал свет

Од вработените кои ги глумат јунаците на Дизни се бара во улогата да се постојано. Кога некој надвор од паркот ќе ги праша за било кој лик кој не е на Дизни, тие треба да глумат дека не знаат за што и за кого се работи.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top