| четврток, 6 декември 2018 |

Србија го осигура Ѓорѓевиќ на уште четири години

Кошарската федерација на Србија ги острани сите дилеми околу иднината на селекторот на националниот тим Александар Ѓорѓевиќ.
За да ги осигураат услугите на младиот тренер и легенда на кошарката во таа држава, федерацијата потпиша договор на четири години и ги острани шпекулациите дека Ѓорѓевиќ ќе ја напушти сениорската репрезентација по завршувањето на Европското првенство во септември.
Младиот стратег неодамна потпиша договор со Панатинаикос, сепак во договорот со грчкиот тим тој има можност да го води и националниот состав на Србија и да ги извршува двете функции паралелно.

– Многумина стравуваа за иднината на Ѓорѓевиќ како селектор, но со овој договор на најдобар начин им одговоривме на оние што се сомневаа во нас. Истиот е со важност од четири години, што влева дополнителна сигурност околу континуитетот на работа во репрезентацијата – изјави Драган Џилас, претседател на Кошаркарската Федерација на Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top