Премиерот Никола Груевски денеска официјално ја пушти во употреба фабриката „Дока текстил“ во гевгелиско Миравци во која во моментов работат 70 работници, а до крајот на годината се планира нивниот број да се зголеми на 200.
– Фабриката која е пред нас е одличен пример за минатото време и сегашното време – за времето во кое се затвораа фабриките и за денешното време во кое се отвораат фабрики. Пред само една година овој објект беше една голема руина која полека пропаѓаше под забот на времето како резултат на затворањето на фабриката во која пред 10 години работеа околу 200 работници, рече премиерот Груевски.
Нагласи дека со користењето на поволностите кои ги нуди Владата бизнисменот Тони Пандев го купил објектот на старата фабрика, го реновирал и сега во него работат 70 работници, а до крајот на годината се планира нивниот број да се зголеми на 200.
– Многу ме радува фактот што самиот сопственик најави дека планирал барем половината од нововработените во овој објект да се вработат преку проектот „Македонија вработува“, рече премиерот Груевски.
Тој нагласи дека Владата направила се што можела за да најде нов сопственик за пропадната фабрика и повторно да се вработат луѓе во неа и регионот да заживее.
– Може слободно да кажам дека мисијата е успешна. Фабриката денеска има нов сопственик извршена е целосна реконструкција, купени се многу нови машини и првите 70 луѓе веќе работат во новата фабрика. Исклучиво ми е драго што сопственикот го користи проектот на Владата „Македонија вработува“ и дел од новите вработувања се токму преку овој проект, рече Груевски.
Тоа, како што кажа, покажува дека проектот е правилен и исправен и е наменет токму за оние на кои им е потребно – работодавачите и невработените. Нагласи дека поддршката на Владата и понатаму продолжува за сите кои сакаат да отворат нови фабрики и да вработат луѓе и додаде дека Владата подеднакво се залага и за домашните и за странските инвеститори.
Вицепремиерот и министер за финансни Зоран Ставрески рече дека отворањето на фабриката во Миравци ќе значи подобар живот за 200 семејства од околината.
– Целта и мисијата ни е да направиме подобар живот за граѓаните, а токму отворањето на овој објект покажува дека успешно го правиме тоа, рече Ставрески.
Истакна дека во Миравци и во индустриската зона Раброво вкупно работат 550 луѓе.
– Тоа покажува дека бизнисмените ги користат добрите политики што ги спроведува Владата за подобрување на бизнис климата како и проектот „Македонија вработува“ кој го користат за луѓето да се вработуваат, рече Ставрески.
Градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов истакна дека десетина години се залагале овој објект повторно да стане фабрка и да се вработат луѓе. Нагласи дека објектот првично бил изграден во 80-тите годините од минатиот век и во него работеле 300 работници, а во 2004 објектот бил напуштен и оставен на забот на времето.
Сопственикот на Дока текстил, Тони Пандев рече дека бизнисот го започнал пред десетина години со само 30 вработени, а оттогаш континуирано се шири и вработува луѓе. Целокупното производство на неговата компанија, како што кажа е наменето за извоз во ЕУ, а мал дел од годинава оди и за Русија. Компанијата, додаде, почнала да се шири откако тој почанл да соработува со неговиот грчки колега Димитрис Папјоану генерален менаџер на Текстилната групација Динс.
Истакна дека ова е негов четврти текстилен погон. Првите три се наоѓаат во зоната во Раброво.
Истакна фабриката лани за евтини пари ја купил на аукција организирана од Министерството за финансии, а за нејзино комплетно реновирање вложил 350 илјади евра.
Премиерот во Миравци ја посети и салата во градба во ОУ „Климент Охридски“ која треба да биде готова до крајот на октомври годинава а за чија изградба се одвоени 24 милиони денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст