| четврток, 6 декември 2018 |

Чепишевски со нов државен рекорд на 100 метри грбно на Универзијадата во Гвангжу

gorazd cepisevski

Македонскиот пливач Горазд Чепишевски беше првиот спортист од Македонија кој се појави на спротските борилишта на Универзијадата во Гвангжу во Кина.
Тој утринава се натпреваруваше во дисциплината 100 метри грбно и постави нов државен рекорд со време од 59.72 секунди, подобрувајќи го стариот рекорд од 59.94, кој исто така беше во негова сопственост поставен во 2013 година на Универзијадата во Казањ. Македонскиот пливач победи во својата група, на крајот заземајќи го 36. место од 48 пливачи во оваа дисциплина.

Уште еден наш пливач настапи на Универзијдата а тоа беше Мартин Стефановски кој се натпреваруваше на 50 метри делфин и со време од 26.68 на крајот го освои 48. место од 63 пливачи во оваа дисциплина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top