| четврток, 6 декември 2018 |

Се проширува детската градика во Илинден

Градинката „Гоце Делчев“ во населеното место Марино, Општина Илинден ќе добие нов објект. Инвестицијата за изградба од 15.000.000 денари се обезбедени од Општина Илинден, а Министерството за труд и социјална политика обезбеди дополнителни 4.000.000 денари. Почетокот на изградбата го означи министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов заедно со градоначалникот Жика  Стојановски.

– Очекуваме до крајот на годината да се заврши овој објект и да се пушти во употреба со што значително ќе се зголеми капацитетот на постоечката градинка. Владата на Република Македонија, во соработка со Општина Илинден, изминатите неколку години интензивно инвестира во создавање и градење капацитетите за згрижување на деца од предучилишна возраст, односно првпат во 2009 беше направен објект и отворена детска градинка со капацитет од 80 деца, дополнително во 2012  година се зголеми капацитетот на 230 деца и сега со оваа нова инвестиција, овој објект кој што ќе содржи 5 занимални со капацитет од 120 деца ќе се зголеми значително и ќе изнесува 350 дечиња, што е показател за сериозните инвестиции на Владата на Република Македонија и општина Илинден во создавање и континуирано унапредување на условите за згрижување на деца од предучилишна возраст, рече министерот Спасов.

Тој истакна дека соработката со Општина Илинден продолжува и понатаму, односно набрзо се очекува отворање на Дневен центар за стари лица и исто така да започне изградба на приватен старски дом кој ќе биде најголем во Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top