| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбена Агенција за недвижности во Дебар Маало

На 2/3 јули во периодот од 17,20 до 10,15 часот во канцелариите на Агенцијата за недвижности „Кастел“, која се наоѓа на ул.„Чедомир Миндеровиќ“ во скопско Дебар Маало, непознат сторител извршил тешка кражба.

Крадецот се прекачил на балконот, со камен го искршил стаклото од прозорот во кујната, влегол внатре и одзел 23.500 американски долари и два лап-топ компјутери, со што противправно се стекнал со имотна корист од околу 1.300.000 денари.

Настанот во ПС-Центар го пријавил А.Д.(50) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top