| четврток, 6 декември 2018 |

Столтенберг: Русија и Западот не се во состојба на нова Студена војна

Русија и Западот не се во состојба на нова Студена војна, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, јави ТАСС.

– Ние не се наоѓаме во состојба на нова Студена војна. Тогаш од една страна постоеше Варшавскиот договор, а од друга страна НАТО. Тоа беше глобален конфликт, спротивставување на две идеологии, рече Столтенберг.

Според него, не треба да се преувеличуваат опасностите и да се драматизира ситуацијата, рече Столтенберг.

– Не гледаме непосредни закани, затоа што НАТО е најмоќниот одбранбен сојуз на сите времиња. И во исто време ние си имаме работа со Русија, која е уверена во своите сили, која го нарушува меѓународното право, рече генералниот секретар на Алијансата.

– Денес ние се судираме со нови закани, додаде тој и ја посочи како пример џихадистичката група „Исламска држава“, насилството во Ирак, војната во Сирија, конфликтите во Северна Африка

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top