| четврток, 6 декември 2018 |

Која е „Тројката“ што одлучува за судбината на Грција?

Британски  „Индепендент“ го објасни терминот „Тројка“ , кој овие денови е често застапен во медиумите после грчката криза која е во фокус во последните неколку дена.

„Тројката“ е назив кој настанал во бизнис жаргонот, а со времето преминал и во социјалната сфера, а означува три главни меѓународни организации кои, помеѓу останатите, и позајмиле пари на Грција како би ја извлекле од финансиски колапс.

Овие денови кога грчката криза е на врв, а економските експерти ширум светот нагодуваат за тоа дали Грција ќе остане во еврозоната, терминот „Тројка“ има завидно место во медиумскиот простор.

КОИ ОРГАНИЗАЦИИ ЈА СОЧИНУВААТ ТРОЈКАТА?

Европската комисија ја претставува Европската унија и 19 земји членки кои се во еврозоната, т.е го користат еврото како официјална валута. Европската комисија е извршно тело на ЕУ, и извршува секојдневно работи во спроведување на нејзините политики како и користење на парите со кои ЕУ располага.

Германија е најголема европска економија па според тоа имала значајна улога во конечната одлука за извлекување на Грција од долговите.

Друго тело е Мегународниот монетарен фонд (ММФ) . Основан е кон крајот на Втората светска војна како би ја регулирал трговијата и размената. Од тогаш често им позајмуваше пари на земјите кои би се нашле во финансиски проблеми, како Мексико во 80-те или Аргентина во 2001 г.

ММФ има капацитет за такви позајмици тежок дури 750 милијарди евра, а позајмување на пари од ММФ значи придржување до строги правила кои ќе осигураат дека парите на време ќе се вратат (што требало да биде случај и со Грција)

Европската централна банка исто така ја сочинува оваа Тројка, а е основана како би се соочувала со инфлацијата, но денес поради откупувањето на грчките обврзници во 2010 година е подложна на сите промени во еврото.

ЗОШТО ГРЦИЈА ВООПШТО ИМ ДОЛЖИ ТОЛКУ ПАРИ НА ТРОЈКАТА?

Последен пат кога Грција беше на финансиски раб беше 2010 година, бидејќи на многу банки надвор од својата земја им должеше пари. Тогаш скокна токму „ГОЛЕМАТА ТРОЈКА“.

Имено, дека Грција не успеала да ги отплати тие долгови би ги повлекла со себе и банките во многу финансиски чуствителни земји, што би предизвикало шок во пример на Шпанија, Ирска и Португалија.

Да потсетиме …

Грција во вторник мораше да исплати рата од кредитот на ММФ од 1,6 милијарди евра што не го направи.

Со оглед на тоа дека премиерот Алексис Ципрас свика реферндум за во недела, и кој граѓаните на таа земја ги прашува дали сакаат или не да се согласат на новите мерки за штедење, европските лидери на „тројката“ продолжија да ги чекаат резултатите како би знаеле со што ќе седат на маса во евентуално нови преговори.

Лидерите на еврозоната настојуваат да покажат како ЕУ „не е само економски експеримент туку политичка заедница“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top