Американски научници од Универзитетот Мичиген утврдиле како куса дремка на работното место може да ја подобри продуктивноста.
Ваквите паузи кои вклучуваат и спиење се поврзани со ублажување фрустрации, избегнување импулсивно однесување и зголемување на сигурноста на работното место, пишува едно стручното списание.
Истражувачите додаваат дека позитивниот ефект на кусиот сон на работното место бил најизразен кај лица на кои поради недостиг на ноќен одмор им недостига енергија или страдаат од намалена способност на одржување на вниманието.
Недостигот на сон е поврзан и со послаби резултати на тестовите за помнење.
Новите наоди се собрани од 40 испитаници на возраст од 18 до 50 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.