Во земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала, што денеска го погоди кинескиот регион Синѓијанг, загинаа шест лица, додека повеќе илјади објекти се оштетени или урнати, соопштија кинеските власти.
Епицентарот на земјотрест е во округот Пишан, во регионот Хотан, во Синѓијанг, и бил на длабочина од десет километри, соопшти Кинескиот сеизмолошки центар, пренесуваат американските медиуми.
– Зградите се тресеа, а луѓето истрчаа на улиците, рече Ѓин Сингчанг, еден од жителите на Хотан, каде мнозинското население го сочинуваат Ујгури.
Оваа област се наоѓа на јужниот крај на пустината Такламакан, во близина на границата со Индија, и многу е богата со минерални ресурси, вклучувајќи и јаглен, сирова нафта, природен гас и жад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.