| четврток, 6 декември 2018 |

Тим Данкан потврди, останува уште една сезона во Сан Антонио

Главната ѕвезда на НБА тимот Сан Антонио, центарот Тим Данкан, потврди дека ќе игра уште една сезона за тимот од Тексас.
Данкан ќе ја одигра својата 19 сезона во Сан Антонио, а со клубот има стигнато до пет шампионски прстени. Дури 15 пати бил член на олстар-тимот на западот, а двапати бил прогласуван за најкорисен играч на првенството и трипати на финалната серија.
Минатата сезона просечно бележеше 13,9 поени со 9,1 скока и 2 блокади по меч. Неговото останување во многу што ќе им помогне на Спарси при преговорите со еден од најзвичните слободни агенти ова лето, Ламаркус Олдриџ, со кого се чини ќе го сочинува и можеби најсилниот центарски тандем во НБА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top