| четврток, 6 декември 2018 |

Истанбул прв фаворит за организација на ЛОИ 2020

Истанбул е најсериозен кандидат за домаќин на Летните олимписки игри во 2020 година, а поддршката што ја дава Владата на Турција и парите што се нудат како влог во изградба на инфраструктурата, може да бидат клучни во битката со Мадрид и Токио. Буџетот на Истанбул за изградба на спортски комплекси и борилишта изнесува 19,2 милијарди долари, многу повеќе од конкурентските градови. Во 4-дневна посета на градот на Босфорот беше потпретседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Крег Риди, кој истакна дека е задоволен од начинот на кој се презентирал Истанбул, како евентуален организатор на ЛОИ во 2020 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top