| четврток, 6 декември 2018 |

Фестивал „Поетски синтези“ во Битола

На фестивалот „Поетски синтези“ во Битола настапија истакнати автори, членови на Друштвото на писателите на Македонија: Елена Пренџова, Бобан Богатиновски, Мирјана Стојановска, Зоран Пејковски, Весна Мундишевска, Никола Илијовски, Панде Манојлов, Кире Неделковски, Милица Радевска, Билјана Т. Димко, Христо Петревски и Тоде Илиевски.

Манифестацијата има меѓународен карактер, а во нејзиното ново издание учествуваа Олга Панкина (Русија), Јожев Бенце (Унгарија) и Зоран Маслаковиќ (Србија).

На поетскиот митинг се додели традиционалната награда „Поетска муза“ за естетизација на поетскиот дискурс, интертекстуалност и интерпретација. Во рамките на манифестацијата беше промовиран зборникот „Битолска поетска разгледница“. Организатор на фестивалот „Поетски синтези“ е Здружението за наука и култура НОВА, а се одржува во рамките на Битолско културно лето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top