| четврток, 6 декември 2018 |

Триесетина луѓе во карантин во Чешка поради сомнителен случај на МЕРС

Маж кај кои се забележани симптоми на смртоносниот вирус МЕРС е хоспитализиран на инфективното одделение во прашката болница „На Буловце“, соопшти чешкиот министер за здравство Сватоплук Њемечек.

mers1

 

Како што јави дописникот на МИА од Прага, пациентот е сместен во специјален дел изолиран од околината, а триесетина лица кои биле во контакт со неги се наоѓаат во карантин.

Пациентот пред извесно време се вратил од Јужна Кореја, а во четвртокот преку туристичка агенција патувал во Полска, кога за време на патувањето му се влошила здравствената состојба и поради висока температура и сомнеж за опасниот вирус МЕРС бил пренесен во болница.

Лицата кои патувале со него во автобусот се во карантин.

Пред неколку недели и кај уште еден пациент кој се вратил од Јужна Кореја постоеше сомнеж за МЕРС, но тестовите беа негативни.

МЕРС ја предизвикува коронавирус од видот на вируси кој е одговорен за болеста САРС, која во 2003 година усмрти околу 800 луѓе.

Прво се појави на Блискиот Исток во 2012 година, а моментно е актуелен во Јужна Кореја, каде веќе починаа околу 350 лица, а над 1.000 се инфицирани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top