| четврток, 6 декември 2018 |

Археологот Драги Митревски во Американскиот археолошки институт

„Најзначајните откритија на македонската археологија“ е насловот на предавањето кое во организаиција на магазинот „Архологија“ ќе биде отворена во престижниот Американски археолошки институт во Њујорк на 29 април 2013 година.

За македонската археологија ќе говори професор Драги Митревски – шеф на Институтот за историја на уметност и археологија на Филозофскиот факултет во Скопје.

Митревски, според американските домаќини, е археолог кој соработува во врвни светски институции од областа на археологијата. Според најавата на настанот, влезницата е 35 долари.

На настанот ќе учествува и министерката за култура, Елизазбета Канчевска-Милевска, а во забавниот дел од програмата ќе настапат играорната група „Гоце Делчев“ од Седар Грув од Њу Џерси и Владимир Василевски-Четкар. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top