| четврток, 6 декември 2018 |

Уште еден загинат во страшната сообраќајка кај Колари, познат идентитетот на починатите

Бројот на загинати во вчерашната несреќа кај Колари на патот Кичево – Охрид се зголеми на четири лица.

Според најновите информации, во страшната несреќа покрај бебето родено 2015, неговата двегодишна сестра и нивниот татко 28-годишниот Деар А. од кичевско Зајас, на пат кон болница на тешките повреди им подлегнал и Амзи И.(56) од скопско Долно Свиларе, кој бил сопатник во другото возило.

Дваесет и шестгодишната Х.А. и возачот на комбито, 31-годишниот В.А. од скопско Горно Свиларе со тешки повреди се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.

Несреќата се случи вчера околу 8 и 15 часот при судир на автомобил „волво“ и товарно возило „форд конект“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top