Речиси еден месец вработените во приватните компании чекаат одговор од социјалните партнери дали ќе има годинава регрес за годишен одмор. А тие никако да се договорат иако формираа и посебна работна група. По неколку средби и преговори, за утре повторно е закажан состанок меѓу претставници на Организацијата на работодавци, ОРМ и на Сојузот на синдикатите на Македонија. Но, пак останува неизвесно дали ќе падне договор што ќе се вгради во Општиот колективен договор за стопанството.
– Сѐ уште немаме конечен став и се разгледуваат повеќе опции што ќе се вградат во Општиот колективен договор. Главна сопирачка се компаниите кои работат со тешкотии и имаат финансиски проблеми поради што често не можат да исплатат плата за вработените. Нив ги има навистина во голем број и, пред сѐ, се од текстилната, кожарската и дрвната индустрија, кои вработуваат голем број лица. Се разгледуваат опции за овие компании регресот да не биде обврска, а на оние фирми кои имаат синдикати, ќе им биде дадена опцијата да преговараат со раководството околу начините за исплата на регрес – вели Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавци.
Така, илјадници вработени во приватните компании остануваат во неизвесност дали и годинава, како лани, ќе добијат К-15 во износ од 8.500 денари. Од една страна, дискутабилно е и малку реално дека во приватните компании кои имаат синдикат, газдите ќе договорат некоја форма за исплата на регрес. Од друга страна, пак, навистина е мал бројот на приватните македонски фирми чии работници имаат синдикат.
Уште од почетокот на годинава, работодавците не престанаа да притискаат за повлекување или за менување на општиот колективен договор, за да се спасат од обврската за исплата на К-15. Нивното оправдување е дека трошоците што ги направиле поради обврската за исплата на регресот ги довеле до граница на рентабилност, а многумина од нив паднале во финансиска криза и морале да се задолжуваат со кредити.
Засега неофицијално, Синдикатот ќе почне преговори и за воведување на обврската за регрес и за административците, односно за измени во Општиот колективен договор за јавниот сектор.
(Утрински)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст