| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарски пратеник восхитен од познавањето на својот премиер за македонските работи

 

Импресиониран сум од знаењето и подготовката на Премиерот Марин Рајков за прашањата поврзани со Македонија изјавил лидерот на Партијата за Ред, Закон и Правда Јане Јанев за агенцијата Фокус. Јанев е зачуден како бугарскиот преоден Премиер знае толку многу за локалните избори во Македонија а задоволен е и од ставот што шефот на техничката влада на источниот сосед го има за Македонија.

„Прецизен, точен и јасен поглед на работите што се случуваат во Македонија и со длабоко знаење за процесите што се случуваат таму од прогласување на независноста до денес. Премиерот има јасна и прагматична проценка за состојбата на нашите билатерални односи и зачувувањето на бугарските национални интереси“, изјавил Јанев.

Лидерот на Партијата за Ред, Закон и Правда смета дека ваквиот интерес за Македонија кај премиерот произлегува од личната посветеност на Македонското прашање и зачувување на бугарските национални црти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top