Кога Мелиса Таунсенд не можела да ги исконтролира своите деца стари меѓу една и три години, ја повикала полицијата да им одржи лекција. Место тоа, била уапсена.Оваа приказна отвори дебата во САД дали полицијата реагирала престрого?
Во повикот до полицијата, Таунсенд вели дека сака полицијата, во слободен превод „да ги извади од памет нејзините деца бидејќи не слушаат, а треба да научат што е почит“.
Операторот на телефон одговорил: „Но, ние не плашиме деца“.
Поранешниот обвинител Ренди Зелин објаснува дека кога полицијата стигнала на врата во куќата на Таунсенд, таа видно била под дејство на алкохол, со што ја прекршила својата условна казна. Кога властите се обиделе да ја уапсат за занемарување на децата, таа станала и физички ги нападнала и сега е обвинета за напад на полицаец.
Стив Рејзер, пак, исто така поранешен обвинител, тврди дека полицијата, можеби, претерала. „Тоа бил глупав телефонски повик. Тоа е злоупотреба на владините ресурси. Сепак, тоа беше нејзината намера“.
Но, Зелин вели дека во вакви случаи полицијата не може да чека мајката, која веќе е на условна казна поради алкохолизам и запуштање на децата, да заспие под дејство на алкохолот со цигара в рака и да ја запали куќата во која се и децата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Доаѓа Другаризација! – акција да се намали врсничкото насилство
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Осум од десет родители во Македонија со ќотек ги дисциплинираат децата


