По настапот на „Сунчане скале“ во Херцег Нови, Елена Ристеска помина и некој ден на плажите во Дубровик.
Друштво ѝ прави нејзиниот пријател и стилист Даниел Николовски, кој, како и за сите настапи, беше задолжен за изгледот на Ристеска на сцената на познатиот црногорски фестивал.
Пејачката неодмна го снимаше видеоспотот за новата песна „Доживотно“, која ја промовираше на „Икс-фактор“, а со која и настапи на ревијалната вечер на „Сунчане скале“.
Промоцијата на видеоспотот, кој има и верзија на српски јазик, е наскоро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.