Приврзокот на СДСМ, Тито Петковски, и неговата пајтон партија ја одработуваат агендата на Заев и се обидуваат да му се додворат што е можно повеќе, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија:
„Да го потсетиме Тито Петковски дека додека беше во Владата, од него номинираните министри континиуирано се жалеа дека им врши притисок да направат криминал за негов личен интерес. Се жалеа дека глава не можат да дигнат од доаѓање на бизнисмени, пратени од Петковски, кај нив со разни интереси, од кои само Тито Петковски знае зошто морале да им угодуваат.
Кога веќе виде дека не му поминува кај министрите таквиот начин на водење политика, почна да заговара нивна смена.
За неговиот начин на разбирање на политиката најмногу говори и тоа што сопствената ќерка која што по ништо не е позната во опшеството, ја номинирал во ИО на партијата, очигледно спремајќи ја за негов наследник. Ова покажува дека партијата си ја разбира како лична своина и ја користи за остварување на лични агенди и интереси.
Тито Петковски, поранешниот политичар е познат и одамна отпишан од македонските граѓани и заради неговите скандалозни ставови за националните прашања. Само да потсетиме дека Петковски, беше принуден да не се кандидира на листата на пратеници од коалициониот партнер, СДСМ, на минатите избори, знаејќи дури и во СДСМ дека јавноста го доживува како криминалец, измамник и сениште од минатото“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст