Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека алијансата не гледа „непосредни закани“ за нејзините членки, кои имаат блиски односи со Русија.
– Гледаме една Русија која се обидува да ги заплаши своите соседи со насилна промена на границите – истакна Столтенберг за време на својата посета на Букурешт.
Тој нагласи дека НАТО не бара конфронтација со никого и сака да гарантира безбедност за своите членки на исток и на југ.
Столтенберг денеска планира да го посети Центарот за интегрирање на силите на НАТО во Букурешт, кој е идентичен на оние кои ќе бидат отворени во Полска, Бугарија, Естонија, Литванија и во Летонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа
-
Столтенберг ја поздрави одлуката на македонското Собрание
-
Столтенберг: Ако Договорот се спроведе, Македонија можеби ќе стане членка во 2019
-
Столтенберг: Вратата на НАТО е отворена, искористете ја шансата на 30 септември