По околу 50.000 откажувања резервации добиваат дневно од понеделникот членките на грчкото Здружение на туристички работници.
Откажаните резервации се за „во последен момент“ кои чинат околу 20 отсто од вкупните во текот на годината, тоа е голем удар за туризмот во Грција, објави атинското радио „Скај“.
Грчките медиуми како „драматични“ ги опишуваат последиците за економијата со затворањето на банките и ограниченото располагање со пари, воведено во понеделникот за да се запре масовното повлекување штедни влогови во страв од банкрот на државата.
Здружението на извозници од Грција проценува дека загубите на нивните членки се 80 милиони евра неделно и оти оваа недела како и следната извозот ќе се намали за седум отсто, а увозот за 28 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.