| четврток, 6 декември 2018 |

„Би-Би-Си“: БиХ е колепка на џихадистите

џихад

Во деведесеттите години од минатиот век нешто се случи во централна Босна и Херцеговина (БиХ), што ги инспирираше луѓето до ден денес да објаснуваат зошто најмногу џихадисти од Европа потекнуваат од Босна и Херцеговина.

Формирањето на муџахединскиот баталјон во 1992 година, кој беше сочинет главно од арапски доброволци беше почетокот, пишува „Би-Би-Си“. Денес состојбата е обратна, луѓето од БиХ одат да војуваат во арапските држави, а има повеќе од 300 лица, што ја прави БиХ земја со најголем број џихадисти според бројот на населението.

-Постои војна меѓу Западот и исламот. Босна на модерното џихадистичко движење му даде таков наратив. Босна е колевката на модерниот џихадизам- вели Ајмен Дин, кој како доброволец се борел во централна Босна во 1994 година.

„Би-Би-Си“ наведува дека според повеќе мислења, советската окупација на Авганистан во 1980 година ја предизвика појавата на џихадизмот, односно походот во „света војна“.

Дин вели дека, сепак, Западот и салафистите биле на иста страна во Авганистан, а во БиХ станале непријатели, и тоа откако во 1993-та година кога војната на просторите на поранешна Југославија стана тристрана војна, меѓу католичките Хрваи, православните Србите и муџахединскиот баталјон кој започнал да ги „лови неверниците“.

-Првиот голем судир на исламистите и западните сили се случи во манастирот Гуча Гора, кога муџахедините го уништија манастирот, а притоа го снимија и целото дело – пишува „Би-Би-Си“.

Тогашниот командант на британските трупи кои учествувале во судирите со муџахедини, Вон Кент-Пејн истакнал дека странските борци биле многу поагресивни од локалните сили и дека често отворале оган врз конвои на Обединетите нации, иако сите тие биле уредно обележани со ознаките на оваа организација.

– Во околината на градот Травник, каде што муслиманите, Хрватите и Србите пред војната беа еднакви, странците се обидоа да спроведат шеријатски закон, ги киднапираа локалните христијани, му ја отсекоа главата на Драган Поповиќ и ги принудуваа другите заробеници да ја бакнуваат – наведува „Би-Би-Си“.

Британскиот јавен сервис наведува дека муџахедините во 1995-та година започнале да го регрутираат локалното население и ја зголемиле бригадата на околу 1.500 членови. Во обид да се стави оваа единица под контрола, Сараево одлучило да ја стави под команда на Третата армија, чија централа била во Зеница, а главниот командант бил бригадниот генерал Енвер Хаџихасановиќ, кој заврши пред судот за воени злосторства во Хаг.

-Според моето мислење, зад муџахедините стоеја политичари со висок ранг, како и верски лидери. Тие воопшто не ѝ помагаат на Босна, туку напротив – наведува Хаџихасановиќ во писмо до воениот врв во 1993 година.

– Иако генералот го изјавил тоа, локалните лидери, вклучувајќи го и Алија Изетбеговиќ, беа среќни со тоа што во БиХ доаѓаат странски борци – пишува „Би-Би-Си“.

Со потпишувањето на Дејтонскиот договор и воспоставувањето на примирјето, муџахедините ја завршија својата работа во БиХ и беа распуштени во 1996-та година.

– Сите се надевавме дека ќе загинеме како маченици. Таквата шанса ни беше одземена – наведува Дин, а стотина негови соборци потоа заминаа во Чеченија, Пакистан и Авганистан. Меѓу нив се и учесниците во нападите над Њујорк и Вашингтон на 11 септември.

БиБиСи пишува дека повеќе од 300 муџахедини останале во Босна, а се наведува дека и Партијата за демократска акција (SDA), чиј лидер беше Алија Изетбеговиќ, не презема доволно за да ги спречи странските борци, иако властите во Сараево усвојуваат правни акти со кои забрануваат регрутирање на државјани на БиХ во странските војни.

– Сепак, најмногу критики се упатуваат на тоа што власта ги затвора очите пред арапските муџахедини кои во БиХ и натаму агитираат и кои успеваат да создадат салафистички ќелии – пишува „Би-Би-Си“ и наведува дека најзначајните имиња на џихадистичкото движење во БиХ се Фикрет Хаџиќ и Билал Босниќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top