| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто ви е референдум, Грци?

ap_990075861274

В недела Грците ќе можат да се изјаснат на референдум, но, всушност, за што? Дали се „за“ или „против“ финансискиот пакет за помош од меѓународните кредитори, вклучувајќи ги и економските мерки и реформи.

Прашањето што се поставува е апсурдно. Не може да се гласа за нешто што не постои. Министрите за финаисии во еврозоната де јуре и де факто го отфрлија предлогот, откако Грција ги прекина преговорите. Грција во моментов е оставена самата на себе и се побрзо се лизга кон банкрот.

Ако Грците прифатат пакет-мерки, тоа нема да има ефект, ќе треба да се преговара за сосема нова програма за помош. Но, со кого? Со радикално левата Влада на премиерот Алексис Ципрас тоа нема да се случи, затоа што тој и пред референдумот повика на отфрлање на предлозите на кредиторите. Владата која не стои зад реформите тешко дека некогаш сериозно ќе ги спроведе тие реформи.

Затоа „да“ на референдумот автоматски би значело оставка на Владата и нови избори. Но, постои опасност владејачкиот тим, која во суштина е комунистички, да се држи за власта со сите сили. Изгледа дека благосостојбата на народот по трагичните грешки од минатата седмица, е неважна за тој тим. Тој подмолно ги доведе преговорите до пропаст и сега се крие зад референдумот. Владата можеше да го праша народот уште пред неколку недели, а не сега кога е под притисок на банкрот.

Ако Грците одговорат со „не“ на поставените прашања, тогаш нема да има враќање назад. Односите со кредиторите и Европската монетрана унија ќе бидат трајно прекинати. Тоа и го сака премиерот. А на кого тоа би му било од корист, останува тајна. Сосема е јасно дека без помош од надвор, Грција е осудена на финансиска пропаст.

Австрискиот министер за финансии, Ханс Јорг Шелинг, прв гласно изговори: „Ќе има излез од еврозоната“. Директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, е разочарана. ММФ веќе не може да ѝ помогне на Грција.

Европската централна банка (ЕЦБ) се уште ги држи грчките банки „над површината“. Колку долго ќе продолжи така?

За време на последниот телефонски разговор со канцеларката Ангела Меркел, Ципрас рекол дека Грција има уште „многу кислород“ за да преживее. Можеби Грција можеше да собере пари, дури и да го избегне фаталниот датум 30 јуни и да го отплати кредитот на ММФ. Со тоа всушност лошиот тек на ситуацијата немаше да биде запрен.

Приходите од даноците се намалуваат, економијата ослабува. Тоа не може да биде запрено и со најубавиот референдум. Тоа е можно само со разумна финансиска политика заснована на меѓународната помош.

Во дебатите околу референдумот кои се водеа во грчкот Парламент, не беа штедени обвиненија и закани кон кредиторите. И кон Европа во целина. Посебно болно и апсурдно е обвинеиието дека само Грција се уште имала демократија. Сите други недемократски земји се обедииниле против Грција. ЕУ е составена од 28 демократии кои и изразија солидарност и тоа не само во последниве пет години. Грција со години беше најголемиот нето корисник во ЕУ.

Сириза и десната партија Независни Грци ниту ја купиле ниту пак ја измислиле демократијата. На Грците треба да им е јасно дека на референдумот ќе се изјаснат не само за или против една програма за помош, туку и за својот иден политички пат – со или без Европа.

Ако сакаат да продложат и натаму со радикално левиот и на неуспех осуден експеримент, тогаш ќе треба да помислат и на последиците. Никој во Европа не сака да ги понижи Грците (аргумент кој постојано се истакнува), но може да им се помогне само ако тие сакаат да им се помогне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top