| четврток, 6 декември 2018 |

Русија подготвена да ѝ врати на Украина 20 бродови

брод

Русија е подготвена да предаде повеќе од 20 украински воени бродови, кои се стационирани на Крим. Доколку биде донесена таква одлука, бродовите ќе бидат предадени на украинската армија, изјави неименуван извор од Генералштабот на руската морнарица.

– Откако ќе биде воспоставен мир ние ќе префрлиме повеќе од 20 украински бродови во неутрални води за да им бидат предадени на претставниците на украинската морнарица – истакна изворот.

Тој наведе дека украинските бродови се распоредени во базите на руската Црноморска флота, дека целосно се изолирани и не се користат во секојдневните активности, а руската војска ја гарантира нивната безбедност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top