Доколку сакате за кратко време да се ослободите под вишокот килограми, пробајте со едноставен природен напиток, кој е здрав и ефикасен во борбата против мастите.
Потребно ви се само стебленцата од магдоносот, лимон и чаша вода и за пет дена, доколку се придржувате на правилата, ќе намалите три килограми.
Магдоносот, кој е нискокалорична намирница, ситно исечкајте го, или, пак, најдобро ставете го во блендер, лимонот исцедете го, па прелијте го со вода. Наутро, на празен желудник, испијте го овој сок и така повторувајте ја постапката во наредните пет дена, а потоа направете пауза од 10 дена. Потоа можете да продолжите со оваа „терапија“, но со истото темпо.
Напитокот помага за согорување на калориите, го храни телото со витамини и минерали, а магдоносот го подобрува варењето на храната и овозможува брзо да се ослободите од вишокот течности во организмот, така што ќе се чувствувате поубаво и полесно. Интересен е фактот што магдоносот содржи повеќе витамин C од портокалот, а само 100 грама магдонос содржат дури 4,2 милиграми железо и 220 милиграми калциум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст