| четврток, 6 декември 2018 |

Имало полошо и од Охрид (ФОТО)

Охриѓани, барем меѓу македонските туристи, не се баш на добар глас кога станува збор за гостопримството и угостителството. Не еднаш се случило некој што платил премногу, да добие малку или неквалитетно.

Неодамна за ваква услуга се пожалија хрватските туристи.

Неодамна на „Редит“, еден Британец ја сподели фотографијата од нешто што би требало да биде сендвич со јајца и сланина, а што го чинело 3,20 фунти (280 денари), кој го купил на аеродромот во Единбург.

– Не барав да ми ги вратат парите, бидејќи сметам дека би било преценување, бидејќи, сепак, на аеродром сме. Но, најлошото беше што ми рекоа да седнам и дека ќе ми го донесат. Единствената слободна маса беше слободна бидејќи не беше исчистена во недели (барем така ми изгледаше). По 15 минути морав да се вратам и да прашам што стана со мојаот сендвич. Сосема заборавиле и на него и на мене. Колку и да бев лут за ужасната услуга, кога го отворив сендвичот умрев од смеење, бидејќи … па видете го. Толку е лопш што е пресмешно – напиша тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top