| четврток, 6 декември 2018 |

САД нема да го напуштат Гвантанамо

САД не планираат да ја напуштат воената база Гвантанамо на Куба и покрај историската спогодба за обновување на дипломатските односи со Хавана, изјави американскиот министер за одбрана Ештон Картер.

gvantanamo

Одговарајќи на прашање на новинарите за тоа дали би можел да го замисли денот кога САД би се откажале од базата на Куба, Картер изјави дека нема такви размислувања, ниту таков план.

САД и Куба формално се договориле ова лето, по 54 години, повторно да воспостават дипломатски односи.

Кубанските власти сметаат дека за воспоставување нормални односи, САД мораат да им ја предадат базата Гвантанамо. Американците таа база во јужниот дел на Куба со површина од 116 квадратни километри ја зеле под наем во 1903 година, а Кубанците тврдат дека тоа е сторено под притисок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top