Централниот терен на кој се игра тенискиот турнир Вимблдон синоќа беше евакуиран поради сомневање за пожар. Алармот се активирал веднаш по завршувањето на мечот меѓу Серена Вилијамс и Тимеа Бабош, по што организаторите одлучија да ги испразнат трибините.
Противпожарните екипи веднаш реагирале, при што бил изгаснат мал пожар кој избувнал поради дефект на електрична инсталација.
„Ол Ингланд клуб“ нема никаква материјална штета и се очекува денеска на овој терен да продолжат предвидените мечеви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст