Граѓаните кои патуваат во соседните земји каде се спроведува одлуката за пониски цени во роаминг, денеска на граничниот премин Табановце ќе бидат информирани за условите и начинот на користење на роамингот.
Надлежни од Агенцијата за електронски комуникации и директорот на Агенцијата Роберт Ордановски ќе информираат за новите поволни цени, како за начинот на избегнување на високите сметки кои се чести при патувањето.
Одлуката за пониски цени во роаминг во мобилната телефонија меѓу Македонија, Србија и Босна и Херцеговина и Црна Гора почна да се применува од завчера.
Според договорот, за минута појдовен повик се наплаќа по 17,9 денари, а за дојдовен по пет денари. СМС се испраќа за 5,5 денари, а мегабајт интернет чини 43 денари. Цените се без пресметан ДДВ, а ќе важат до 30 јуни в година, по што ќе следи ново намалување. Тогаш минута разговор треба да се наплаќа за 14,76 денари, СМС 4,92 денари, а мегабајт интернет 27,6 денари. Од 1 јули 2017 година, пак, цената за една минута разговор треба да чини 11,6 денари, СМС да се намали на 3,7 денари, а интернетот до 12,3 денари за 1МБ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.