| четврток, 6 декември 2018 |

Се разбуди заспаната монструозна црна дупка во вселената

V404 е бинарен систем, составен од ѕвезда и црна дупка кои орбитираат меѓусебно. Тие се оддалечени од Земјата на 7.800 светлински години. Системот не беше активен последниве 25 години, но пред една недела, Свифт сателитот на НАС забележа ненадеен излив на активности. Материја се излива од ѕвездата во црната дупка, каде што се загрева и испушта бранови со рентген зрачење и гама-зрачење пред целосно да исчезне во црната дупка, пишува порталот на „Скопското астрономско друштво“.

1313631302686375570

Последен пат кога е забележана таква активност од V404 беше во далечната 1989 г. Повторното активирање беше забележано на 15-ти јуни, кога Свифт забележа нови изливи на гама зрачење.

Веднаш потоа поголем број на телескопи од Земјата започнаа со следење на активноста на V404 и на други бранови должини и беа забележани интензивни рентген-зрачења.

„Во овој момент, однесувањето на овој систем е многу невообичаено, со повторувачки силни изливи на светлина во периоди пократки од еден час, нешто што ретко го гледаме кај другите системи со црна дупка. Моментално, овој систем е најсветлиот објект на небото гледано со X-зрачење, до 50 пати посветло од маглината Рак (М1), која нормално представува еден од најсветлите извори на високо енергетско зрачење на небото.“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top