| четврток, 6 декември 2018 |

Филмска сцена на хрватското небо: воени МиГ-ови пресретнале британски ербас 321

Два борбени авиони на Хрватското воено воздухопловство и противвоздушна одбрана МиГ 21 по наредба на надлежната команда на НАТО (Combined Air Operations Centre – CAOC) извршиле пресретнување на цивилен авион кој влегол во хрватскиот воздушен простор, пишува порталот „МКД.мк“

Станувало збор за патнички авион, кој летал од Франкфурт кон југоисточна Европа и не ѝ се пријавил на хрватската контрола на летови, туку на словенечката.

НАТО командата дала наредба за интервенција на противвоздушната одбрана, а авионите веднаш полетале и го пресретнале цивилниот авион во близина на границата со Словенија.

Откако била извршена идентификација, било утврдено дека станувало збор за авион ербас 321 на британската компанија Монарх ерлајнс.

Бидејќи патничкиот авион летал според планот на летот, борбените авиони го испратиле до хрватската граница и се вратиле на аеродромот Плесо.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top