Секс-скандал во Црна Гора. Видеоснимки од интимна средба на претседателот на Сенатот на државната ревизорска институција и поранешен потпретседател на црногорската влада, Мирослав Иванишевиќ, со непозната девојка осамнаа на „Јутјуб“, а аферата ја обелоденија неколку црногорски весници. Првата снимка од средбата на Иванишевиќ со непознатата девојка во неговиот кабинет е објавена на 17 март и трае 9.55 минути, а второто видео е со траење од 24 секунди и во него девојката му вели на Иванишевиќ: „Замисли што би можела да направам со ова“, поради што се претпоставува дека тој знаел за оваа снимка.
Иванишевиќ не негирал дека имал сексуален однос со девојка во неговиот кабинет, но тврдел дека тоа било надвор од работното време и дека таа ја искористила снимката за да го уценува. Тој тврдел дека не знае дека се снима интимниот однос, а против девојката, која со години го рекетирала, се водел судски спор за оспорување на татковство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.