Во текот на вчерашниот ден, заклучно со 08.00 часот утринава, Министерството за внатрешни работии издаде 657 потврди на странски државјани кои изразиле намера да бараат азил во Република Македонија.
Како што денеска соопшти МВР, со овие потврди, во периодот од 19.06.2015 до 01.07.2015 година, вкупно се издадени потврди на 5.915 странски државјани, од кои, 4.670 се од машки пол, 728 се од женски, 507 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште десет деца на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди,се подвлекува, најбројни се државјаните на Сирија и тоа 3.765, потоа од Авганистан 548, од Ирак 350, Пакистан 275, од Сомалија 246, од Конго 237, Палестина 162 додека останатите се во помал број.
Во текот на денот, се посочува во соопштението, се регистрирани два покарактеристични настани на јужната граница.
Во првиот случај, околу 14 часот, униформирани полициски службеници од ГП Богородица во близина на граничната линија кај Гевгелија, пронашле и згрижиле едно онесвестено машко лице и една бремена жена која имала болки. Поради неможност на ангажирање на тимот од УНХЦР за згрижување лица, тоа го направиле полициските службеници, при што лицата се транспортирани до Здравствен Дом Гевгелија, за укажување прва помош. Утврдено е дека станува збор за двајца државјани на Камерун T.O.(1980) и T.Р.(1980). Лицата после укажаната лекарска нега во стабилна состојба ја напуштиле болницата.
Во вториот случај, околу 15 часот, во близина на истата гранична кота, патролен тим пронајде женско дете по име M.A.(2010) од Сирија. Веднаш е отпочнато интензивно пребарување на теренот во соработка со УНХЦР и во 20.00 часот во близина на Гевгелија се пронајдени родителите на детето по што тие во 21 часот се споени во просториите на ПС за ГП и ГН Богородица. Утврдено е дека се работи за лицата M.A.(1984) и C.A.S.(1979) од Сирија.На лицата им се издадени потврди за искажаната намера за поднесување барање за признавање право на азил и се предадени на УНХЦР.
Во периодот од 07.00 часот на 30.06.2015 до 07.00часот на 01.07.2015 година нема вакцинирани лица. Извршена е дезинфекција во Кумановона 800 м2 вагони и 200 м2 чекална и перон. Потоа дезинфекција на вагони Табановце од 400 м2 и дезинфекција Скопје на 800 м2 вагони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.