| четврток, 6 декември 2018 |

Комеморација за Никола Младенов утре во МКЦ

Во Младинскиот културен центар утре (28.03.), во 11 часот, ќе се одржи комеморација во чест на новинарот и сопственик на „Фокус“, Никола Младенов, кој ноќеска загина во сообраќајна несреќа.

Редакцијата на „Фокус“ соопшти дека утре излегува вонредно и бесплатно издание на весникот на 16 страници, посветено на Никола Младенов.

Посмртните останки на Младенов ќе бидат изложени утре од 13.30 часот во капелата во Бутел. Погребот ќе биде во 14.30 часот на Градските гробишта во Бутел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top