| четврток, 6 декември 2018 |

НСА доби привремена дозвола за прислушување

NSA Phone RecordsСпецијален американски суд привремено ѝ дозволи на Агенцијата за национална безбедност (НСА) на САД да собира метаподатоци (податоци за податоци) за телефонски разговори, соопшти Министерството за правда.

Судот за набљудување на надворешното разузнавање го одобри барањето на Владата за продолжување на програмата за шест месеци, односно додека стапат во сила измените предвидени со законот, кој беше усвоен минатиот месец.

Најголемата реформа, откако поранешниот соработник на НСА Едвард Сноуден откри дека таа масовно шпионира телефонски разговори и интернет комуникација, ограничува дел од овластувањата кои Агенцијата ги доби по терористичките напади на 11 септември 2001 година. Новиот закон сепак и дозволува на НСА да следи луѓе кои се сметаат како потенцијална закана за безбедноста на земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top