| четврток, 6 декември 2018 |

Бучковски и Црвенковски во 2004 година договориле Македонците во Кичево и во Струга да станат малцинство

Револтот кој неделава кулминира во Струга и, особено, во Кичево, всушност,  е продолжение на незадоволството кое се појави пред и по референдумот за Законот за територијална поделба од 2004 година донесен од Социјалдемократскиот сојуз без соодветна анализа што ќе предизвикаат етнички компонираните општини во кои најголем дел од руралното население е албанско, а урбаното е македонско население.

По една деценија стружани и кичевчани сѐ уште не можат да го заборават мотото на СДСМ од каде што тогаш порачуваа дека некои прашања не заслужуваат одговор.

Според законот предложен од тогашниот премиер Бучковски, а поддржан од  претседателот Црвенковски, Македонците во Струга и во Кичево станаа малцинство.

Во кампањата за референдумот сегашниот премиер Груевски гласаше за укинување на законот за територијална поделба и бараше граѓаните да се спротивстават на законот кој, како што подоцна се случи, ќе предизвика проблеми за неколку града.

Тогаш, сегашниот лидер на опозицијата, Црвенковски од граѓаните бараше да не гласаат на референдумот по што општините Струга и Кичево станаа општини со доминантно етничко албанско население.

Тогаш Бучковски во Струга беше држен во заложништво, при што беа употребени специјални полициски сили кои неколку часа не можеа да го извадат од локалниот партиски штаб, а СДСМ ја загуби довербата кај граѓаните во целата земја, особено во Струга и во Кичево.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top