| четврток, 6 декември 2018 |

Крива Паланка именуваше улица по херојот Горан Илиевски кој беше убиен во Куманово

goran-ilijevski.jpg500

Советот на општина Крива Паланка вчера го изгласал предлогот за именување улица во чест на бранителот Горан Илиевски, кој загина во полициската акција во кумановската „Дива населба“.

Како што пренесува МИА, иницијативата за именување на дел од улицата Херој Карпош во кривопаланечката населба Бавчалак беше поднесена од советничката Соња Мазаковска, а прифатена едногласно од сите советници.

Илиевски, кој по мајка беше со потекло од Крива Паланка, живееше во Гостивар. Во Министерството за внатрешни работи работеше од 2002 година, а загина во акцијата на безбедносните сили во Куманово како припадник на единиците за брзо распоредување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top