Врските смеат да бидат сè што ќе посакате, само не топло-ладно. А, со овие неколку типови токму тоа е она што ќе го добиете.
1. Оној кој не ја преболел бившата
Тоа што тој се уште не се откажал од претходната значи дека никогаш нема да има доволно простор и време за вас. Освен ако не сакате да бидете втора опција, почнете да се оддалечувате во истата секунда.
2. Оној кој те крие
Секој однос кој „мора“ да биде таен, не е вреден за вашите нерви и труд. Ако тој ве крие, веројатно има добра причина. Ако не се работи за верски причини или затоа што ги прекршувате правилата на компанијата во која работите, тогаш тоа за него е само игра.
3. Оној кој постојано се извинува
Луѓето се извинуваат кога им е жал, но премногу честото извинување може да биде спротивно и контрадикторно. Ако навистина му е жал, нема да го направи повторно.
4. Оној кој е емоционално недостапен
Него му е супер, забавно, убаво, но едноставно не сака врска. Или е повреден или не постојат емоции, трето нема и не се залажувајте. Одете си што поскоро затоа што нема ништо интересно да ви понуди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судено им е да останат сами – овие три хороскопски знаци најчесто остануваат без партнер
-
Какви сте во љубовта? Најдолги врски имаат Рак и Риби, а најкуси…
-
Науката потврди: Жените им го скратуваат животот на мажите!
-
Не превртувај со очите и не го прекинувај додека зборува: Мали работи кои прават големи проблеми во врската



