Градоначалникот на Хаг Јозиас ван Артсен повика на смирување на ситуацијата, откако протестот поради смртта на притвореник, жител на Аруба, прерасна во насилство.
Полицијата соопшти дека се уапсени вкупно 16 лица синоќа и утрово поради насилство, вклучувајќи фрлање камења и петарди врз силите на редот.
Смртта на 42-годишниот жител на Аруба Мич Енрикес стана повод за слични инциденти во САД, и доведе до изразување гнев кон полицијата во Хаг.
Енрике е уапсен за време на концерт во саботата, откако според полицијата, извикувал дека носи пиштол, и починал во болница во неделата. Првично полицијата соопшти дека тој се почувствувал лошо на пат кон притвор. Но вчера се појави аматерско видео, кое покажува како го одведуваат, очигледно во бессознание, по грубо апсење од шестмина полицајци. Обвинителството го истражува случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија