| четврток, 6 декември 2018 |

Потешко повредена жена, прегазена на пешачки

Утрово, во сообраќајна незгода што се случила на булеварот „ Туристичка“ во близина на Историскиот архив во Охрид потешко е повредена 81-годишна жена, пренесува „Охридњуз“.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, жената била удрена од патничко моторно возило марка „ Фиат“ со охридски регистарски таблици, додека ја преминувала улицата на пешачки премин.

Поради здобиените тешки телесни повреди жената е пренесена во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „ Св. Еразмо“. Според последните информации повредената е надвор од животна опасност, но е задржана на натамошно лекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top